Кривична пријава за поранешен директор на струшкото комунално претпријатие

Од:

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 39-годишниот П.К., осомничен за извршени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот, во својство на службено лице директор на Јавното претпријатие „Комунално“ Струга, без објавување на јавен оглас спровел постапка за јавна набавка со барање за прибирање на понуди за набавка на материјали за оградување на капела и цвеќарница.

– За најповолен понудувач со одлука била избрана фирмата „Набизи“ од Струга, по што пријавениот П.К. од сметката на Јавното претпријатие „Комунално“ на 31 мај 2011 година на сметката на „Набизи“ ДООЕЛ Струга авансно уплатил 120.000 денари, а следниот месец уште 92.150 денари. Тоа го направил иако стоката не била доставена до претпријатието, ги прифатил фактурите од посочената фирма и противправно ги потпишал издатниците, прикажувајќи дека стоката е примена и подигната од негова страна од магацин. На овој начин пријавениот го оштетил буџетот на претпријатието за сума од 212.150 денари, соопшти Димоски.

П. К., според Димоски, како одговорно лице во јавното претпријатие со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил со тоа што на вработените им ги признавал сметките за гориво, кое го точеле во нивните приватни возила без патен налог со што им овозможил горивото да го користат за приватни потеби.

– Со тоа, за периодот 2011, 2012 и 2013 година им овозможил да прибават имотна корист 489.974 денари на штета на буџетот на претпријатието. Со одлука, Управниот одбор на ЈП „Комунално“ Струга го овластил П.К. да одреди приватни возила, кои ќе се користат за службени потреби, по што тој со вработените, кои ги одредил потпишал договори за користење на нивните приватни возила. Во овој период вработените, кои имале склучено вакви договори, во нивните приватни возила точело гориво на сметка на ЈП „Комунално“, појасни Димоски.

Приватните возила ги користеле без патен налог во кој требало да биде наведено за каква службена работа се користи возилото за што требало и одобрение од раководителот. Фактурите со кои биле опфатени овие точења на гориво во приватни возила, пријавениот П.К. ги прифаќал и потпишувал со што одобрувал да се книжат. На овој начин ги прифаќал сметките за точење гориво во приватни возила кои се возеле без патен налог, овозможувајќи им на тие лица да ги користат возилата за приватни потреби оштетувајќи го ЈП „Комунално“.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски