Кривична пријава за поранешен директор на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(61) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од октомври 2012 до јуни 2013 година, во својство на директор на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид.

Тој, со искористување на својата службена положба и овластување, без утврдена потреба повел иницијатива и дал налог да се спроведе постапка за јавна набавка на медицинска опрема и делови од медицинска опрема-две машини за миење и дезинфекција на инструменти за потребите на ЈЗУ Општа болница Охрид. Тоа го направил без претходно да има добиено такво барање од некое одделение од болницата за набавка на таква опрема и без целосна и конкретна спецификација за потреба од набавка на истата, и без да наведе дека тие се несоодветни машини кои немаат практична можност за употреба за ваков вид на здравствена установа.

Постапка за јавна набавка била спроведена сметано од 22.11.2012 година, а на 21.12.2012 година, пријавениот, во име на ЈЗУ„Општа болница“ Охрид, склучил договор со фирмата „ЕВРО Тим“ ДООЕЛ Скопје со која ја реализирал набавката на спорните машини за миење и дезинфекција во висина од 703.394 денари. Со тоа Љ.А. го оштетитил буџетот на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид во износ од 703.394 денари.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски