Кривична пријава за поранешен директор на АХВ

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што соопшти МВР, пријавениот во периодот од декември 2016 година до мај 2017 година, додека ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, искористувајќи ја својата службена положба со пречекорување на своите службени овластувања постапил спротивно на член 53 од договорот склучен меѓу Европската агенција за безбедност и храна и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во член 53 било децидно пропишано дека лицето кое ќе биде назначено како помошник координатор на “ЕФСА” не може да прима дополнителен надоместок од Агенцијата, ниту да ја кумулира претпристапната програма со каков било друг договор за работа со други тела.

Наспроти ова, пријавениот склучил договор за дело со друго лице, во тоа време вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, за извршување на работни обврски и задачи како асистент координатор на “ЕФСА”, кои веќе биле предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за храна и ветеринарство за нејзиното работно место, се вели во соопштението.

Врз основа на склучениот договор за дело во горенаведениот временски период, додаваат од МВР, секој месец на назначениот асистент координатор неосновано ѝ биле исплаќани парични средства во износ од 62.934 денари, со што пријавениот ѝ овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 377.604 денари.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски