Кривична пријава за полицаец кој употребил прекумерна сила кон граѓанин

Од:

Полицаец од СВР Скопје доби кривична пријава бидејќи прекумерно употребил физичка сила при вршењето на службата.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Ф.М., вработен во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Имено, пријавениот во својство на полициски службеник на ден 26.03.2022, во вршењето на службата, врз оштетениот Т.Г. од Битола неосновано и прекумерно употребил физичка сила и застрашување.

Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра