Кривична пријава за полицаец и референт кои регистрирале возило на име на починат

Од:

Полициски службеник и референт за управни работи од Кавадарци добија кривична пријава бидејќи ја злоупотребиле службената положба и овластувања продолжувајќи ја важноста на сообраќајната дозвола за автомобил на име на починато лице.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.М.(49) во ПС од Кавадарци и самостојниот референт во Отсекот за управни работи-Кавадарци М.М.(61), за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 8 декември минатата година при вршење контрола во сообраќајот констатиран е прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кај патничко возило „сеат ибица“ и бидејќи во законскиот рок сопственикот на возилото не се јавил за изготвување покана за наплата на глоба до Комисијата за прекршоци во Кавадарци е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. По ова, сопругата на сопственикот доставила извод на умрените односно укажала дека лицето против кого е поднесено барањето е починато и поднела претставка дека наведеното возило незаконски се регистрирало на починатото лице.

По преземени мерки и извршени проверки е утврдено дека на 25 март 2013 година М.М.(49) и на 5 мај 2014 година М.М.(61) извршиле продолжување на важноста на сообраќајната дозвола за наведеното возило иако знаеле дека лицето е починато.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје