Кривична пријава за ограбувач на цркви во Крушевско

Од:

Полицијата во Крушево поднесе кривична пријава против Џ.А.(24) од Прилеп, кој е осомничен дека  извршил „тешка кражба“ во црквата „Св.Димитрија“ во с.Горно Дивјаци и се обидел да изврши кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Свети Никола“ во с.Долно Дивјаци, двете во општина Крушево.

Како што соопшти МВР, осомничениот Џ.А во село Горно Дивјаци, во црквата „Св.Димитрија“ извршил тешка кражба на начин што со употреба на погоден алат делувал на прозорецот од црквата, влегол во внатрешноста на објектот и одзел две стари дрвени икони.

Истиот ден, пријавениот, отишол во црквата “Св.Никола“ во соседното с.Долно Дивјаци, крушевско и со погоден алат го скршил цилиндерот од бравата од металната врата од трпезаријата, која е поврзана со селската црква. Потоа зел еден копач од просторијата за алати до трпезаријата и со употреба на сила ја отворил дрвената влезна врата од црквата, извршил пребараување во олтарот и во внатрешноста од црквата, но најверојатно не одзел икони или други предмети од храмот.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи