Кривична пријава за насилник од Охрид

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „изнуда“ и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ Секторот за внатрешни работи – Охрид поднесе кривична пријава против 21-годишниот А.Д. од Охрид, кому од истражен судија му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Според полицијата, на 28-ми минатиот месец околу 22:30 часот А.Д. насилно влегол во стан на негова пријателка на улицата „Карпош Војвода“ каде со раце и нозе ја искршил речиси целата покуќнина. Потоа физички ја нападнал, нанесувајќи и повеќе удари и тупаници по целото тело по што од кујната одзел нож и со закани дека ќе ја убие заедно со нејзиното малолетно дете, и побарал илјада денари. Набрзо во станот пристигнале полициските службеници кон кои А.Д. упатил пцости и навреди а потоа замавнувајќи со ножот им се заканувал дека ќе ги убие.

Пред да го стори делото сега притворениот оштетил неколку патнички моторни возила и велосипеди пред нејзината зграда. Тоа го направил откако во билјард клуб во трговскиот центар „Амам“, без посебна причина со нога искршил врати и дел од останатиот инвентар, упатуваќи навреди кон вработената и гостите во клубот.

Притворениот А.Д. е лице сторител на повеќе кривични дела и е казнено осудуван по неколку кривични пријави поднесени од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари