Кривична пријава за малолетник за извршени џебни кражби

Од:

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против малолетникот А.Б..(16) од Скопје, поради основано сомнение дека  извршил четири кривични дела – “џебна кражба“ со што  противправно се стекнал со имотна  корист од околу 6.900 денари. Џебните кражби се извршени во периодот март/април оваа година во централното градско подрачје односно на подрачјето на Полициската станица од Центар.

Првото кривично дело пријавениот го извршил на ул. “11-ти Октомври“ поточно на Зелен Пазар каде ја искористил гужвата и невниманието на оштетената и со протнување на рака во чантата и украл паричник со лични документи, лични предмети и пари. Второто дело е извршено на ул. “Димитрие Чуповски“,  каде ја забележал оштетената и пришол просејќи и пари, а во погоден момент искористувајќи го нејзиното невнимание со протнување на рака во чантата одзел паричник со лични и службени документи и пари.

Третото и четвртото кривично дело А.Б. ги извршил на ул. “Водњанска“ во Клиничкиот Центар (едно во одделот за Онкологија и едно во Центарот  за трансфузиологија) каде што искористувајќи ја гужвата пред ординациите и шалтерите како и невниманието на оштетените со протнување на рака во чантите на оштетените одзел паричници во кои имало пари  и лични документи (лични карти, трансакциони сметки, штедни книшки, картици од различни банки, пари и др. предмети.)

А.Б. дел од украдените предмети ги фрлал во контејнери, а дел се пронајдени кај него и се вратени  на оштетените, а додека парите ги потрошил за негови лични потреби. Од извршената проверка во крим евиденциите на СВР-Скопје пријавениот минува за сторени повеќе кривични дела “кражби“, “тешка кражба“  и др.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он