Кривична пријава за лихварство против три лица од Куманово

Од:

Кривична пријава за лихварство поднесе СВР Куманово до надлежното обвинителство против три лица. За случајот се осомничени Д.А.(42), А.М.(36) и А.Л.(62), сите од Куманово.

Во ноември 2014 година М.А. од А.М. побарал на заем 1.500 евра, но А.М. го условил да му плаќа месечна камата во висина од 10 отсто од дадениот износ на заем или 150 евра месечно на име камата, а главниот долг останувал за што склучиле устен договор.

Од ноември 2014 до јули 2018 година М.А. на А.М. редовно му исплаќал по 150 евра или за вкупно 43 месеци му исплатил вкупно 6500 евра, односно второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 5.000 евра.

Бидејќи земените пари од А.М. не му стигнале за плаќање на сопствено лекување и за издржување на семејството, М.А. на 5 декември 2014 година и од Д.А побарал заем од 2.500 евра.

Но, Д.А., исто така, побарал месечна камата од 10 отсто од вкупната сума или 250 евра месечно, а главниот долг останувал. Тие склучиле договор кај нотар и навеле дека, доколку оштетениот М.А не му го врати долгот до предвидениот датум 1 февруари 2015 година Д.А. да може да спроведе извршна постапка врз целиот движен и недвижен имот на оштетениот.

Од декември 2014 до јули 2018 година оштетениот на Д.А. му исплатил вкупно 10.750 евра на име на месечна камата, со што Д.А. се стекнал со противправна имотна корист од 8.250 евра.

Исто така, М.А. за да може да ги плаќа каматите на А.М. и Д.А., повторно на 22 август 2016 побарал заем во износ од 140.000 денари од А.Л.. Но, и тој го условил да му плаќа месечна камата од 10 отсто од земениот износ или 14.000 денари месечно и за заемот да склучат Договор за заем пред Нотар. Тие склучиле договор и од септември 2016 година до јули 2018 година М.А. континуирано му плаќал месечен износ на А.Л. од 14.000 денари или вкупно 308.000 денари, со што тој се стекнал со противправна имотна корист од 168.000 денари.

Имено, од наведените дејствија, пријавените го оштетиле М.А. за вкупна сума од 13250 евра и 168.000,оо денари.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он