Кривична пријава за лице од Струшко за прекршување на мерките за самоизолација

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(37) од струшкото село Драслајца, соопшти полицијата. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби по 40 евра во денарска противвредност.

На 18 март при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициски службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за четиринаесетдневна самоизолација. Тој, на 16 март оваа година на граничниот премин „Табановце“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од Данска, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус Ковид-19 и дека во времетраење од 14 дена во неговиот дом во селото Драслајца ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Во соопштението од струшкото обвинителство информираат и дека тој уште истиот ден се јавил за излез кон Република Албанија на граничниот премин Ќафасан, преминал во Република Албанија и повторно се вратил во државава истиот ден преку истиот граничен премин.

На 18 март повторно не бил затекнат во домот од страна на припадниците на МВР-ОВР Струга кои вршеле проверка дали обвинетиот ги почитува прописите и задолжителната самоизолација.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби по 40 евра во денарска противвредност.

Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус Ковид-19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска