Кривична пријава за кражба на паричник

Од:

Четириесет и тригодишна штипјанка заработи кривична пријава откако од стан во Скопје украла паричник во кој имало пари, платежни картички и лични документи.

– Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.Н.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение дека на 11-ти овој месец околу 18:00 часот на ул. „11-ти Октомври‘‘ извршила “тешка кражба на дрзок начин“.

Како што информираат од полицијата, додека оштетениот бил во спалната соба, неговата сопруга во кујната, а неговиот малолетен син во дневната соба, Е.Н. влегла во нивниот дом и од масичка во дневната соба одзела еден паричник во кој имало пари, платежни картички и лични документи, по што излегла од станот. Откако синот му кажал на таткото што се случило, тој веднаш излегол и ја стигнал Е.Н., но таа негирала дека нешто земала од неговиот стан.

Оштетениот го пријавил настанот во Полициската станица Центар, каде дал опис на пријавената. Истиот ден пријавената била лишена од слобода и приведена во Полициската станица Центар и со неа бил извршен разговор. Исто така, во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од страна на оштетениот. Пријавената и претходно била извршител на вакви дела.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра