Кривична пријава за кичевчанец за силување и противправно лишување од слобода

Од:

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Р.Л. (55) од кичевското село Колибари поради основано сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“. Од страна на јавен обвинител одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Тој бил приведен откако вчера околу 18 часот, во Полициската станица Кичево, против него била поднесена пријава од страна на Н.М. (39) од прилепското село Јакренево.

Како што информира МВР, Н.М. пријавила дека Р.Л. пред околу два месеца ја лишил од слобода и била присилно чувана во неговата куќа во село Колибари. Во тој период, според исказот на пријавителката, била физички малтретирана и силувана.

– Во текот на вчерашниот ден, Н.М. успеала со вилушка да ја отвори вратата од куќата каде била затворена и со автостоп стигнала до Кичево каде во полициската станица го пријавила кривичното дело, соопшти МВР.

По превземени мерки за пронаоѓање на осомничениот, утрово околу 7 часот бил приведен од неговиот дом од страна на полициските службеници од Полициската станица Кичево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија