Кривична пријава за кичевчанец за пуштање во промет наркотични дроги

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х.(46) од Кичево.

При претрес извршен во домот на сега пријавениот, пронајдени и одземени се две пластични боци со непозната течност и една самоделска цевка од алуминиумска фолија. Од извршеното вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, констатирано е дека трагите од кафеава материја на алуминиумската фолија претставуваат хероин, додека течноста во двете пластични шишиња со вкупен волумен од 13 милилитри претставува метадон-синтетички опијат кој влегува во групата на аналгетици, кој често се користи во терапија при лечење на зависност од хероин и подлежи на контролирана продажба.

– На 3 ноември минатата година, пријавениот, на З.В. од селото Трапчин Дол му понудил и му продал одредена количина дрога хероин кој пак ја сокрил во водоводен вентил од неговото патничко моторно возило марка „Рено-Еспејс“. Полициските службеници, ја пронајдоа и ја одзедоа прашкастата материја запакована во најлонска кеса и сокриена во водоводниот вентил од автомобилот, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол