Кривична пријава за измамник од тетовско

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(36) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 7.6.2020, пријавениот преку апликација на мобилен телефон се слушнал со оштетената, претставувајќи се како претставник на хуманитарно здружение, при што ѝ понудил да земе стан во Скопје. По ова, оштетената заедно со нејзиниот брат отишле во Скопје и се сретнале со пријавениот и со уште едно лице.

Притоа, пријавениот ветил дека веднаш ќе им даде клуч од станот доколку му дадат 2.700 евра. Откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетената.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Голема измама со мобилни телефони во Европа, штетата е 300 милиони евра

Катерина Ѓуровски

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски