Кривична пријава за Грузиец за измама и фалсификување пари

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(69) од Грузија.

Како што соопшти МВР, пријавениот, казнените дела ги сторил на 7 ноември 2017 година во менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од 60.000 евра. При размената на парите, пријавениот искористил прилика и на вработениот му вратил, во плик, фалсификувани евра во износ од по 500 евра, а потоа си заминал. Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата, но по извесно време тој ги проверил парите и притоа утврдил дека се фалсификат.

Би можело да ве интересира

Уапсени се тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он