Кривична пријава за градоначалникот на општина Чашка

Од:

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.П. (44) од село Еловец, градоначалник на општина Чашка, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информира МВР, Г.П. искористувајќи ја својата службена положба во 2011 година во својство на градоначалник и овластено лице на општина Чашка поднел барање за легализација на диво изграден објект – планинарски дом Чеплес, иако знаел дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект поднесува имателот на објектот, што тој никогаш не бил.

– Тој решавал по барањето, постапувајќи спротивно член 6 од Законот за постапување со бесправно изградените објекти, каде во содржината на барањето за утврдување правен статус во став 2 е предвидено барателот да достави доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги кои тој никогаш ги нема платено затоа што не бил ни имател ни корисник на објектот. Со изјава заверена на нотар дека објектот е изграден пред стапување на законот во сила во 2011 година, Г.П. го легализирал објектот, го впишал во катастар на Р.Македонија по што го отуѓил. Со наведеното, пријавениот на Планинарско-спортското друштво „Солунска глава“ му нанел штета во износ од 4.058.566 денари, соопшти МВР. 

Би можело да ве интересира

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР