Кривична пријава за гостварец за кражби во Струга

Од:

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против дваесет годишниот О.А.(20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои пет „тешка кражба“ и четири „кражба“.

Пријавениот, како пто информира СВР Охрид, кривичните дела ги извршил минатиот месец во повеќе куќи, станови, од патничко моторно возило, но и од плажи на струшкото крајбрежје при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 800.000 денари.

– О.А. користејќи подесен алат и физичка сила и со обивање на врати насилно влегувал во куќите. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста, одземал пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, апарати, облека и други вредни предмети. По плажите најчесто одземал мобилни телефони, но и други предмети додека во патничко моторно возило влегол со кршење на лептир стаклото од задната врата, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Струшката полиција, додаде тој, оформила предмет со прецизни оперативни информации по што О.А. бил пронајден и приведен.

По наредба од Основниот суд во Струга бил извршен претрес во хотелска соба во Струга каде пријавениот бил сместен и пронајдени се дел од бесправно одземените предмети.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ