Кривична пријава за фирма од Демир Капија за превоз на стока без лиценца

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против ДПТТУ„Џемо Транс“ ДООЕЛ-Демир Капија, Л.Л. (22) од Неготино, управител на правното лице и Т.Л.(47) од Неготино поради основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

МВР денеска соопшти дека пријавените во периодот од 1 ноември лани до 31 август годинава во 187 наврати извршиле јавен превоз на стоки, производи од дрво за повеќе правни и физички лица, без да поседуваат лиценца за вршење јавен превоз на стоки издадена од Министерство за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена