Кривична пријава за фалсификување документи за инвалидска пензија

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал – Одделение за корупција, фалсификати и компјутерски криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето Н.Р. (59) поради постоење основано сомнение дека сторила кривични дела – „фалсификување исправа“ дело казниво по чл.378 и „измама“ дело казино по чл.247 од Кривичниот законик.

Пријавената со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, односно стекнување на право на инвалидска пензија, во септември 2007 година до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување доставила барање за остварување право на пензија во прилог на кое доставила фалсификувана медицинска документација на нејзино име.

Врз основа на документацијата Комисијата за оцена на работна способност било утврдено дека постои причина за инвалидност и врз основа на ова од страна на Фондот и било одобрено користење на инвалидска пензија.

Во периодот од февруари 2008 година до февруари 2013 година пријавената, според МВР, врз основа на исплатените пензии се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 529.732 денари, сума за која го оштетила Фондот за ПИОМ.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа