Кривична пријава за ексградоначалникот на Општина Василево

Од:

СВР-Струмица поднесе кривична пријава против В.С. (50) од с.Едрениково – Василево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и Л.Н.(44) од с. Василево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело помагање во врска со злоупотреба на службена положба и овластување.

Од МВР велат дека првопријавениот, во својство на градоначалник на општина Василево, на 29.9.2017 година, за наводни потреби на општината, побарал од второпријавениот, вработен како в.д. директор на ЈПКД „Турија“ од Василево наредниот ден (30.9) да биде ангажирана работната машина марка, која била во сопственост на ЈПКД „Турија“, со цел да се насипе улица во с. Едрениково и покрај тоа што на тоа место според урбанистичкиот план за с. Едрениково не постои улица.

Второпријавениот на 29.9.2017 година без претходно да потпише налог за користење на службено возило и без да изготви работен налог, му дал задача на Т.П. вработен како багерист во ЈПКД „Турија“ со работната машина да изврши поставување песок на улица во с. Едрениково, која не била опфатена во урбанистичкиот план. Притоа, Л.Н. не изготвил ниту фактура за наплата за извршената работа, со што му овозможил на првопријавениот за приватни потреби на трето лице да ја искористи работна машина без да се покријат трошоците.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР