Кривична пријава за екс-директорот на Центарот за јавно здравје во Охрид

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (56) поранешен директор на Центарот за јавно здравје во Охрид, како и против 48-годишната М.М., претседател на Управниот одбор на истата установа.

Првопријавениот истрага, во периодот од 2012 до 2017 година ја злоупотребил службената положба и овластување, оштетувајќи ја здравствената установа во износ од 261.773 денари. Тој на 96 патни налози и патни сметки за службени патувања при ставање гориво не го впишувал регистарскиот број од табличките на возилото со намера да прикрие дека користел приватно возило за свои потреби во кое се ставало горивото, иако здравствената установа имала четири службени возила.

Дополнително пријавениот А.М. набавувал патни сметки од други лица и други патувања по што ги спојувал со фалсификуваните патни налози во кои лажно прикажувал дека бил на службен пат. Потоа А.М. во ракопис изготвувал лажни несоодветни извештаи од службените патувања, непоткрепени со соодветни акти и свесно прикажал направен трошок за гориво кој воопшто не бил направен за службени потреби.

Со така подготвените сметки за патарини и фалсификуваните патни налози, А.М. побарал од благајната на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ да му се исплатат паричните средства. Фалсификуваните сметки за искористеното гориво за приватни потреби, ги приложувал во службеното сметководство на здравствената установа за поврат на платени средства подигнати како аванс, наводно за службени потреби.

Второпријавената Н.Н., пак, во својство на претседател на управниот одбор на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ Охрид, во периодот од 2012 до 2017 година со неизвршување на својата службена должност односно со свесно пропуштање на вршење на должен надзор над патните налози кои и биле доставени за одобрување и заверување, му овозможила на првопријавениот А.М. да се стекне со посочената противправна парична корист.

Пријавената помогнала во извршувањето на кривично дело на А.М. преку заверка и со свој потпис, за одобрување на спорните 96 деловни патни налози за неговите службени патувања. Тоа го направила иако била должна да забележи дека сметките биле со прилози без регистарски таблички од службените возила од Јавната здравствена установа и дека имало несоодветни сметки за гориво и патарини и без дополнително потребната документација.

Против двајцата се поднесени соодветни кривични пријави, за А.М. (56) од Делчево (со живеалиште во Охрид) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“, додека лицето Н.Н. (48) од Охрид се товари за сторено кривично дело кривично дело „помагање“ а во врска со кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски