Кривична пријава за единаесет лица од Велешта заради каменување на автобусот на „Сприја“

Од:

Струшката полиција поднесе кривична пријава против единаесет лица кои учествуваа во каменувањето на автобусот на вевчанската компанија „Сприја“ што се случи на четврти овој месец на патот Струга-Вевчани.

Кривичната пријава е поднесена против А.Х.(19), Ф.М.(20), Б.Ќ.(20) како и против малолетниците А.Ќ.(17) Ш.С.(18) В.Р.(18) Г.Т.(18) А.К.(18) Г.К.(18) Б.К.(18) и Ш.С.(18), ученици во средно училиште во Струга.

Оваа група од Велешта, како што информираат од СВР Охрид, каменувањето го извршила поттикната од последните настани во Скопје, а во инцидентот со телесни повреди се здобила една патничка од Вевчани која по извршените лекарски интервенции во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид беше пуштена на домашно лекување.

– Мотивирани од насилните случувања, инцидентите и физичките пресметки во Скопје, единаесетчлената група околу 20 часот се сретнала во центарот на Велешта каде одлучиле да го нападнат и каменуваат автобусот. Потоа се упатиле кон месноста Суво поле во непосредна близина на магистралниот пат Струга-Дебар. Тука го сочекале автобусот по што започнале да фрлаат со камења, бекатон плочки и со други тврди предмети оштетувајќи ги предните и страничните стакла како и автобуската каросерија, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По извршениот напад и каменување, групата се разбегала низ селото а дел од учесниците продолжиле да се забавуваат во интернет клубовите. Полициските службеници од Струга и Велешта за кусо време ги идентификувале сторителите.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски