Кривична пријава за две лица за обљуба врз немоќно лице

Од:

Скопје, 22 мај 2016 (МИА) – Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава противб А.Ч. (30) од Албанија со привремен престој во Охрид и К.К. (51) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обљуба врз немоќно лице“.

Како што соопшти МВР, пријавените во периодот од 19-ти до 20-ти овој месец, во куќата сопственост на К.К. во Кичево, злоупотребувајќи ја нејзината душевната растроеност, извршиле обљуба врз 19-годишна девојка од Охрид.

Оштетената која е душевно болно лице, на 19-ти мај оваа година била пријавена за исчезната, по што СВР Охрид презеде мерки за нејзино пронаоѓање. На 20-ти мај во 22,40 часот полициски службеници на булеварот „Железничка“ во Охрид, сопреле патничко моторно возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата пријавени и оштетената.

Мерките на СВР Охрид за пронаоѓање на Т.Н. која беше пријавена како исчезната, се водеа во координација и насоки на Јавното обвинителство во Охрид и Полициската станица Кичево, по што, врз оштетената извршен бил медицински преглед, а извршен бил и преглед и претрес во возилото, а потоа и во домовите на пријавените и преземени се и други оперативни мерки и активности за целосна реализација на настанот.

При претресите извршени по наредба на Основниот суд во Кичево, во домот на пријавениот К.К. пронајдени биле предмети кои се од значење за понатамошната кривична постапка. Со соодветна потврда се привремено одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он