Кривична пријава за две лица од Слупчане поради одгледување „канабис сатива“

Од:

Две лица од Слупчаен се приведени и кривично пријавени за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти МВР.

Р.А.(20) и Е.А.(20) се приведени вчера попладне на локација во атарот на село Алешевце, на која имало насад од растението „канабис сатива“, а кој подолг период била под опсервација нан полицијата.

На самото место се пронајдени и одземени вкупно 310 насади „канабис сатива“. Одгледуваните насади се со просечна височина од околу 2 метра.

Врз основа на судска наредба извршен е претрес во домот на Р.А. каде што се пронајдени и одземени ловна пушка и пиштол за кои што нема регуларни дозволи бидејќи се сопственост на неговиот дедо кој одамна е починат, за што дополнително ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари