Кривична пријава за двајца тетовци за фалсификување платежна картичка

Од:

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.А.(39) и А.А.(32) двајцата од Тетово, поради основано сомневање дека сториле кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој појаснува дека двајцата тетовци се сомничат дека кон крајот на минатата година со лажна платежна картичка од извесна банка од САД се обиделе да направат три трансакции.

– Осомничените во два продажни салони во Тетово користејќи ја блокираната платежна картичка имале намера да купат скапи мобилни телефони, но, не успеале во таквата намерa. Тие се идентификувани и пријавени, а мометално се наоѓаат на издржување на затворска казна во КПУ „Идризово“ во Скопје за друго кривично дело. Обидот за плаќање со блокираната американска платежна картичка го извеле кога биле пуштени на викенд, вели Јосифовски.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он