А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за двајца стружани за поседување дрога

by А1он20/10/2016 - 13:31157
Share0

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, Полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Л.Г.(22) и Е.М.(23), двајцата од струшкото село Франгово.

Следете a1on на Instagram Instagram

СВР Охрид соопшти дека Е.М. се сомничи и за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски појасни дека на 18 овој месец, околу 23 часот, при полициска акција пронајдени биле 11 килограми зеленкаста тревкаста материја спаковани во најлонска вреќа сокриена меѓу грмушки на локалниот пат Франгово-Калишта.

– Акцијата е реализирана на местото „Царски кладенци“ каде пријавениот Л.Г. извесно време ја сокривал најлонската вреќа со тревкаста материја. Тука пристигнал со патнички автомобил „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и одкако го паркирал автомобилот, се упатил до местото обраснато со грмушки каде ја сокривал најлонската кеса. Фатен е во момент кога извадил опаковка од еден килограм со тревкаста зелена материја, која ја имал со себе и сакал да ја остави во најлонската вреќа, во која претходно сокрил 10 килограми од истата материја, изјави Димоски.

Следете a1on на Youtube YouTube

По добиена наредба, додаде, извршен е претрес во домовите на пријавените, при што кај Е.М. во помошна просторија од куќниот двор, пронајдена била една автоматска пушка од кинеско производство и помала најлонска опаковка со бела прашкаста материја.

Спорд соопштението, на лицата им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

drogamvr

Би можело да ве интересира

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски16/07/2026 - 10:3416/07/2026 - 10:37

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он13/07/2026 - 14:4813/07/2026 - 14:46

Син уби татко во Скопје

А1он13/07/2026 - 10:5813/07/2026 - 10:47

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он13/07/2026 - 10:34

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски09/07/2026 - 10:1009/07/2026 - 10:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео