Кривична пријава за двајца скопјани за продажба на наркотици

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.Н. (55) и Н.Н. (57), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Како што информира МВР, двајцата пријавени на почетокот на месецов со намера да препродаваат дрога, од непознато лице набавиле неопределена количина на наркотична дрога-хероин во нивниот дом, каде што дрогата ја препакувале во помали пакувања заради улична препродажба на уживатели на дрога.

– По претходно добиени оперативни сознанија и издадена Наредба за претрес на дом и други простории од Основен Суд Скопје 1 -Скопје, од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје беше извршен претрес во домот на И.Н. во Скопје, каде е затекнат второпријавениот Н.Н., при што се пронајдени три полиетиленски паковки со непозната прашкаста материја, една дигитална вага, еден нож, една запалка со остатоци од непозната материја, една кеса со алуминиумска фолија, селотејп трака и дрвен толчник со остатоци од непозната прашкаста материја, соопшти МВР.

Пронајдените предмети се одземени и со наредба од Основното јавно обвинителство – Скопје се предадени на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ.

– Со вештачењето е утврдено дека пронајдената прашкаста материја со нето масо од 432,4 грама претставува хероин, а детектирани се и 3,04 грама мешавина од кофеин и парацетамол (кои се користат за мешање на дрогата), како и траги од хероин на откриените и запленети предмети, појасни МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он