Кривична пријава за двајца охриѓани кои малтретирале повозрасен скопјанец за долг од 4.000 евра

Од:

Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.Р. (33) од Охрид и М.А. (31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 29.06.2020 поради наводен долг од 4.000 евра, врз В.П.(65) од Скопје, извршиле кривично дело „Самовластие“, соопшти МВР.

На настанот му претходеле должничко-доверителски проблеми – оштетениот од пријавените зел 4.000 евра, за што залог требало да биде неговиот стан. Бидејќи оштетениот не го ставил станот како залог, а и ги немал парите што ги должел, минатата недела тие го пресретнале во близина на зградата каде што живее во населбата Автокоманда и со автомобил го однеле во паркот Гази Баба, каде околу час и половина бил психички и физички малтретиран.

По ова, тие заминале во домот на оштетениот, каде пријавените продолжиле физички да го малтретираат и му се заканиле по неговиот и животите на членовите од негово семејство, велат од МВР.

По настанот, на оштетениот во ГОБ „Св. Наум Охридски“ му биле констатирани повреди. Веднаш по пријавувањето на кривично-правниот настан, еден од осомничените, М.А., сам се пријавил во полициска станица, додека за П.Р. е распишана централна потерница, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

Октоберфест е затворен од полицијата

Рио де Жанеиро го враќа законот за добивање бонус за полицајците кои убиваат криминалци

Турската полиција за седум дена уапси 161 терорист

Несреќа во Берлин: Возач му го откина прстот на братот, па предизвика тешка несреќа