Кривична пријава за двајца контролори од Фондот за здравствено осигурување за примање поткуп

Од:

СВР Скопје – Единица за економски криминал поднесе кривична пријава против С.З.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ и против М.Г.(54) од Прилеп, со живеалиште во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ во врска со кривично дело „помагање“.

Пријавените, вработени како контролори во Фондот за здравствено осигурување – Подрачна единица Скопје, во периодот од 16 до 19 декември извршиле контрола во приватна здравствена установа и по констатираните пропусти во работата, првопријавената од сопственикот-оштетеното лице побарале парична награда – поткуп од 30.000 денари за нив двајцата и за уште едно лице – контролор за да не му биде изречена санкцијата. Второпријавениот, после тоа, неколку пати телефонски разговарал со сопственикот на ординацијата и го договорил местото за примопредавање на паричните средства.

Откако биле договорени деталите, на 23 декември во ресторан на бул. „Филип Втори Македонски“ оштетениот им ги дал побараните парични средства.

Истиот ден лицата биле лишени од слобода и приведени, а при извршен преглед кај нив биле пронајдени паричните средства.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари