Кривична пријава за двајца гостиварци за измама

Од:

СВР Тетово, Полициска станица Гостивар расветли шест измами, а на двајца гостиварци Ј.М. (42) и Ж.Т. (53) им е поднесена кривична пријава за измами, кои ги извршиле лани и една во 2009 година.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифосвски информира дека осомничените со измислени приказни и изговори успеале во шест случаи, противправно да остварат корист од 330.910 денари. Нивни жртви биле лица од Гостивар, Прилеп, Градец, Неготино-Полошко и Здуње.

– На шест оштетени лица, вешто и мошне досетливо, осомничените им барале и добивале парични средства. Тие им ветувале различни видови услуги: помали сметки за електрична енергија, поголеми пензии, позајмици за лекување болна жена и снаа, наоѓање на брачна партнерка, денарски средства за штета од сообраќајна несреќа со учесник-странец, па и помош за отворање фабрика. На еден прилепчанец во 2009 година му зеле и пари за лекување на снаа, изјави Јосифоски.

Според пријавата, оштетените, најчесто повозрасни лица, во сите случаи им поверувале и им ги дале бараните износи.  На некои од нив, за да бидат поуверливи, осомничените им оставиле наводно вредни часовници, како гаранција дека ќе се вратат.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он