А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за двајца државни правобранители на подрачје на Велес

by А1он10/01/2020 - 11:24160
Share0

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против П.Н.(64) од Прилеп, со живеалиште во Скопје и Б.П.(45) од Велес, двајцата вработени како државни правобранители на подрачјето на Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Добивај вести на вибер

-Првопријавениот П.Н. постапил спротивно на одредбите од Законот за државното правобранителство и не обезбедил согласност – известување од Владата на Р.С.Македонија за натамошно застапување, која бил должен да ја обезбеди во случаите кога од една страна ги штити имотните права и интереси на Р.С.Македонија, а од друга страна, како законски застапник, ги штити имотните права и интереси на државните органи. Станува збор за предмет во кој како тужители се јавуваат правниот субјект „Павор’’ извоз-увоз Орце ДООЕЛ Скопје и лицето О.П. од Велес, а како тужена странка во постапката се Р.С. Македонија, Министерство за финансии, Управа за јавни приходи-Регионална дирекција Прилеп и Трговското друштво за вработување инвалидни лица за производство на апарати за домаќинство „ДИНАМО-ХИТ ДОО“ Велес, соопшти денеска МВР.

Оттаму појаснуваат дека пред Основен суд Велес, од страна на тужителите бил оспорен Записник од втора продажба на имот со јавно наддавање од 5 декември 2005, изготвен од страна на првотужениот РСМ – Управа за јавни приходи, според кој „Динамо – Хит“ ДОО Велес купил земјиште со површина од 26.077 м2 на подрачјето на Велес, во рамките на извршната постапка за присилна наплата на долг кој произлегува од даночните обврски на должникот „Лозар – Агросервис“ АД Велес, бидејќи должникот бил корисник на предметното земјиштето кое било во сопственост Р.С. Македонија и тоа не може да биде предмет на присилна наплата, затоа што согласно законските прописи извршување се спроведува само од имот кој е во сопственост на должникот.

Тужителите, исто така, го оспориле и неоснованото запишување на горенаведениот имот на име на „Динамо – Хит“ ДОО Велес од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, при што од страна на Основниот суд Велес по изведените докази и утрдувањето на фактичката состојба во постапката била донесена првостепена пресуда од 5 март 2018 година со која било констатирано дека предметното земјиште е во сопственост на државата, а не во сопственост на даночниот должник „Лозар – Агросервис“ АД Велес.

Од МВР информираат дека првопријавениот П.Н., наместо да ја прифати пресудата од 5 март 2018 година на Основниот суд Велес, со која било утврдено дека земјиштето било и останало во сопственост на Р.С.Македонија, на 22 март истата година вложил жалба на оваа пресуда, а подоцна на 15 мај 2019 година и вонреден правен лек – ревизија, додека второпријавениот Б.П. на 22 март 2018 година ја потпишал жалбата на пресудата од 5 март 2018 година на Основниот суд Велес, без да ги ценат правните интереси на Р.С.Македонија.

hronika

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 09:30

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

Катерина Ѓуровски28/04/2026 - 10:06

80-годишник загина поправајќи трактор

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:08

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:06

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 14:4523/04/2026 - 15:55

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Катерина Ѓуровски17/04/2026 - 09:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто