Албанец истепал полицаец во станицата во Кисела Вода

Од:

36 годишен албански државјанин кој бил приведен кај хотелот Александар Палас зашто одбил да се легитимира, се нафрлил врз полицискиот службеник со боксови по главата и телото во станицата во Кисела Вода.

Настанот се случил во четвртокот кога во 1.20 часот албанскиот држаавјанин во видно алкохолизирана состојба се движел пеш по булеварот кај хотелот Алкесандар Палас. Со оглед дека немал никаков документ за идентификација бил оденсен прво на Токсикологија, а потоа во полициската станица во Кисела Вода.

Таму од страна на полициски службеник, сменоводител, бил алкотестиран, и додека сменоводителот ги подготвувал протоколарните записници коишто приведениот требало да ги потпише, почнал на албански јазик да го навредува со погрдни зборови сменоводителот иако усмено бил опоменат да престане. Но продолжил со провокаци и навреди и на српски јазик, а кога сменоводителот му ги дал записниците за да ги потпише, физички се нафрлил врз полицискиот службеник и почнал да го удира со тупаници во пределот на главата и телото.

Во станицата ведбаш било интервенирано од другите полицајци, а на нападнатиот му биле констатирани телесни повреди. Албанскиот државјанин зарботи пријава за напад на службено лице.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа