Кривична пријава за директорката на Работнички универзитет-Прилеп

Од:

СВР Битола до Основното јавно обвинителство-Прилеп поднесе кривична пријава против С.Т. (54) од Прилеп, вработена како директор на Работнички универзитет Прилеп, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавената со намера за себе и за Работничкиот универзитет да стекне противправна имотна корист со искористување на својата службена положба во периодот од 2010 до 2014 година и покрај фактот што знаела дека не ги  исполнува условите, без одобренија издадени од надлежни министерства и без верифицирани програми, организирала и договарала со заинтересирани лица – кандидати од Прилеп, Битола и Ресен, курсеви од различни области, странски јазици, фризери, физеотерапевти, бравари, заварувачи, кувари и сл.

Таа издавала дипломи за успешно посетени курсеви, без притоа да спроведе настава и правилна оцена на стекнатите познавања од дадената област, соопшти денска ЦВР-Битола.

Ваквите курсеви во наведениот период биле посетени од вкупно 1.659 кандидати. Паричните средства пријавената во голем дел од случаите ги примала на рака, а дел од истите ги присвоила за себе.

Вкупниот износ на парични средства кои биле уплатени по основ на курсеви, изнесува 5.376.200 денари, од кои пријавената за себе присвоила парични средства во вкупен износ од 69.300 денари, информираа од СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он