Кривична пријава за директор на училиште од Кавадарци

Од:

Директор на општинско основно училиште од Кавадарци помогнат од управител од приватна фирма преку неколку фактури за набавка на стока што не била воопшто подигната од училиштето го оштетиле буџетот на училиштето, односно општината за 22.054 денари.

Како што информира денеска МВР, В.Ј. во 2016 година како директор на општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, во три наврати надвор од предвидените асортимани во јавната набавка, извршила набавка на разна стока од правно лице од Кавадарци во вредност од 11.027 денари и извршила плаќање за три доспеани фактури.

Т.И., како управител во ДТУ „ТД-ТД Трајче“ ДООЕЛ Кавадарци, во 2017 година издал три дополнителни фактури за набавка на стока што не била воопшто подигната од училиштето со различен опис, но со иста вредност од 11.027 денари, а кои директорката ги прифатила и извршила плаќање на стоката, што не биле согласно постапката за јавни набавки.

За случајот од СВР Велес е поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против В.Ј. (62) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Т.И. (61) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски