Кривична пријава за директор на ЈП „Проаква“ за злоупотреба на службена положба

Од:

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против А.В.(49) од струшкото село Радолишта осомничен за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување “.

МВР денеска соопшти дека пријавениот, во својство на директор на јавното претпријатие „Проаква“, во текот на 2011 година ја злоупотребил својата положба и овластување и оттуѓил, целосно амортизирани пикап возило „Застава-поли“, возила „Волга“ и „Хундаи Соната“ како и еден багер „Радое Дакиќ“.

Тоа го направил иако за истите од страна на купувачите не биле уплатени парични средства на сметка на претпријатието при што за вредноста на овие основни средства го оштетил претпријатието.

Доколку горенаведените основни средства би се продавале на пазар како старо железо, се посочува во соопштението, нивната продажна вредност во времето на оттуѓување била 242.000 денари, од кои по пат на компензација за багерот наплатени се 123.000  денари при што јавното претпријатие е оштетено за износ од 129.000 денари. При преглед на финансиските картици констатирано е дека трите пикап возила ги нема во книговодствената евиденција и оти истите со посебни машини, без документација туку само со усна наредба на пријавениот биле подигнати од Отпад Охрид. Во книговодствената евиденција немало доказ за евентуална продажба и на возилото „Хундаи Соната“ кое подоцна било пронајдено кај автомеханичар во струшкото село Велешта.

Во врска со одлуката за формирање на тричлена комисија која била овластена да формира продажна цена на основните средства по пат на наддавање – лицитација, констатирано е дека трите члена воопшто не биле информирани дека се избрани во таа комисија, ниту пак од службата добиле решениа дека се назначени членови на таа комисија. Тоа значи, се подвлекува во соопштението, дека  истите не биле запознати  околу продажбата на основните средства, а решението било изготвено само од формалено – правен аспект.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски