Кривична пријава за дебранец за „пустошење на шума“

Од:

Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.Л.(46) од дебарското село Џепиште поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „пустошење на шума“.

Како што информира денеска МВР, пријавениот од мај до јуни минатата година, спротивно на Законот за шуми и без одобрение за сеча на дрва, издадено од надлежен орган, извршил сеча на околу 200 стебла дабови дрва. Сечата е направена во дебарската месност „Коста корија-Врабич“, каде од катарстарски парцели со шума, сопственост на Република Македонија неовластено се исечени околу 60 метри кубни дабови дрва.

Целокупната пресечена дрвна маса, пријавениот А.Л. нелегално ја присвоил и ја продал. Тој, оштетувајќи го Јавното претпријатие „Македонски шуми“, се стекнал со противправна имотна корист од 144 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски