Кривична пријава за четворица стружани за напад на вработен во полиција

Од:

Четворица стружани добија кривична пријава од полициската станица во Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“.

СВР Охрид соопшти дека Ј.П.(30), С.К.(28) и Б.С.(30) сите од Струга кривичното дело го извршиле на 13 март околу 2 часот по полноќ во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга.

Според Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид,  првопријавениот Ј.П. упатил заканувачки зборови кон М.Ѓ. вработен во полициската станица во Струга по што го фатил за горниот дел од блузата и го истуркал.

– Напуштајќи го ноќниот клуб, М.Ѓ пред влезот бил пречекан од првопријавениот, кој физички го нападнал задавајќи му неколку удари со тупаница во пределот на главата. Веднаш потоа, во физичкиот напад се вклучиле и С.К. и Б.С., кои на М.Ѓ. му нанеле повеќе поединечни удари по целото тело, изјави Димоски.

М.Ѓ., појасни портпаролот, паднал на асфалтот, но и покрај тоа пријавените продолжиле со удари со нозе и раце по телото при што му нанеле тешка телесна повреда скршеница на коска на рака.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски