Кривична пријава за четворица скопјани, регистрирани насилници

Од:

СВР Скопје до надлежното скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ц.Д. (33), К.Д. (31) Д.Т. (27) и Р.В. (27) сите од Скопје, регистрирани насилници и сторители на имотни деликти, кои се во бегство, а  заради постоење основано сомневање дека во мај годинава, во ноќното кабаре „Деспина“ во раните утрински часови, прво предизвикале тепачка, а потоа Ц.Д. се обидел да го убие З.К. со прекар „вампир“ (34) од Скопје, исто така познат насилник и изнудувач, соопштин денеска МВР.

Заради постоење на основано сомневање дека Ц.Д. е сторител на кривично дело „убиство во обид“, истражен судија му изрече мерка притвор во траење од 30 денови, додека истата мерка им е изречена и на останатите пријавени, но за дело „учество во тепачка“.

Кривичноправниот настан за кој се товарат пријавените се случил  во раните утрински часови во кабарето „Деспина“, каде З.К. седел со три лица од Скопје, негови пријатели исто така регистрирани насилници. Околу 5:15 часот во објектот влегле пријавените маскирани со фантомки и веднаш физички го нападнале З.К., при што со остар предмет му нанеле две убодни рани во пределот на стомакот, а испукале и еден куршум од огнено оружје, но никого не повредиле, потоа избегале. З.К.  е однесен во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, од каде со амбулантно возило е пренесен на Клиниката за интизивно лекување  КАРИЛ и е задржан на понатамошно лекување.

Како што стои во соопштението, СВР Скопје по извршениот увид, вештачење на подигнатиот материјал, анкетирање на сведоци, препознавање по фотографии и други оперативно мерки и активности дошле до основано сомневање дека сторители на кривично правниот настан се браќата Ц.Д. и К.Д. како и Д.Т. и Р.В., за што уредно се повикани за давање појаснување околу основаното сомневање, но тие до поднесувањето на пријавата се во бегство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет