Кривична пријава за бугарски граѓанин за поставување скимер уреди на банкомати во Македонија

Од:

Отсекот за истраги на интернет и електронско плаќање при МВР поднесе кривична пријава против Ј.Ј.И. (29) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Како што информира МВР, Ј.Ј.И. во периодот од 12.02 до 24.02.2016 година неовластено набавил уреди за снимање на банкарски податоци и банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носителите на тие платежни картички.

– Тој, четири пати поставил нелегална опрема за копирање на податоци од платежни картички (скимер уреди) на банкомати на домашни банки лоцирани во повеќе градови во Република Македонија со цел да набави банкарски податоци од вистински платежни картички на македонски државјани и податоци за носители на тие платежни картички. Ниту една банка досега не пријави штета, соопшти МВР.

Преку Секторот за меѓународна полициска соработка лицето било идентификувано, а било потврдено дека Ј.Ј.И. бил приведен на 14.05.2016 година во Букурешт, Република Романија, исто така, по поставување скимер уред на банкомат.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра