Кривична пријава за битолчанец осомничен за продажба на екстази

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М.(23) од Битола осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.

При извршен преглед кај пријавениот, соопшти денеска МВР, пронајдени се 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна помегу коланот и пантолоните.  Таблетите содржат МДМА психоактивна супстанца односно стимуланс на централниот нервен систем што е класифициран на листата на забранети опојни дроги и психотрони супстанци. Дополнително, во предниот џеб од пантолоните пронајдена е зипер кесичка со 30 коцки (25C-NBOMe) синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги, таа во 2010 година се појавила на сајтовите каде се предлагаат хемиски супстанци и синтетички дроги. Дрогата претставува дериват на psychedelic phenethylamine 2C-C, бел прашок со горчлив вкус на метал. Според силата, 25C-NBOMe е послаб од LCD.

Поради тоа, до Министерството за здравство на Република Македонија ќе биде доставено известување дека на илегалниот пазар се појавила нова супстанца која делува како дрога со цел поведување постапка за внесување на оваа супстанца во листата на контролирани псиготропни супстанции и опојни дроги.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он