Кривична пријава за албански државјанин за кражби во Струга

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот Н.С. од Прењас, Република Албанија.

СВР Охрид соопшти дека на 20-ти минатиот месец пријавениот со камен го скршил стаклото од влезната врата на една фризерница лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга. Откако пребарал, одзел повеќе апарати за потстрижување и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од 30.000 денари.

На почетокот од февруари, Н.С., како што стои во информацијата, со камен скршил прозор од приземјето на куќа лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга и украл накит.
– Откако влегол во внатрешноста, извршил пребарување во собите по што бесправно одзел поголема количина накит „Сваровски“ во вредност од 30.000 денари. Потоа преку прозорец од спалната соба на западната страна од куќата успеал да се спушти на кровот од гаражата и незабележан избегал, соопшти СВР Охрид.

Кон крајот на јануари годинава Н.С. со насилно отворање на прозорецот, успеал да влезе и во продавница за авто делови на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга од каде одзел пари, филтри за масло, греачи и други предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 7.500 денари.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани