Кривична пријава за 43-годишен скопјанец за силување малолетничка

Од:

СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје го предаде лицето С.К. (43) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување“ предвидено и казниво по член 186 од КЗ на РМ.

Како што информира МВР, С.К. на 12-ти минатиот месец околу 19,50 часот на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ зад ТЦ „Олимпико“ Скопје, од назад и пришол на 16-годишна малолетничка од Скопје и ја фатил устата со рака за да не вика за помош. Потоа ја одвлекол до оградата, каде со употреба на физичка сила (удари со тупаници во пределот на главата и удари со глава во ѕид и стискање со раце за врат) извршил обљубаа врз неа.

– По извршеното кривично дело пријавениот и го одзел мобилниот телефон на малолетничката и заминал оставајќи ја оштетената. Откако малолетничката пристигнала дома случајот е пријавен во полиција од страна на нејзиниот татко. Од Одделението за истрага на место на настан при СВР-Скопје превземени се низа мерки и активности вклучително и вештачење, како и соодветни медицински прегледи. Исто така, на вештачење е даден соодветен ДНА профил од НН машко лице кој е предаден во Одделението за криминалистичка техника при МВР на РМ за споредба со базата на профили – податоци, соопшти МВР.

СВР-Скопје, се посочува во соопштението, по превземени мерки и активности дојде до оперативно сознание дека можен сторител на кривичното дело е лицето С.К. кој е пронајден и приведен во службените простории на Полициската станица „Кисела Вода“. Со него е обавен службен разговор во кој тој во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело.

Пријавениот С.К. во крим-евиденциите на СВР Скопје минува за сторени повеќе кривични дела – „тешка кражба“ и „кражба“.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Британскиот актер Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор за силување

А1он

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари