Кривична пријава за 28-годишен скопјанец за насилство

Од:

Секторот за внатрешни работи-Скопје поднесе кривична пријава до скопското Основно јавно обвинителство против И.М.(28) од Скопје поради постоење сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Кривичното дело е извршено на 20 јули годинава околу 19:30 часот на булеварот „Партизански Одреди“, пред кафе-бар. И.М. грубо го малтретирал оштетениот, предизвикувајќи во јавноста чувство на страв и несигурност.

Според исказот на оштетениот, додека стоел на плочникот пред кафе-барот во еден момент му пришол пријавениот и најпрвин физички го нападнал со тупаница и пивско шише, кое го земал од масите. Потоа И.М. и со употреба на метална шипка продолжил да го удира по главата и телото, при што од здобиените повреди оштетениот паднал на плочникот. И.М. го напуштил местото на настанот.

Оштетениот со Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар каде му биле констатирани телесни повреди.

Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и подигнати се траги слични на крв, скршено стаклено шише и дел од метална шипка кои се предадени во МВР за понатамошно вештачење.

По утврдување на идентитетот на И.М., тој е повикан во Полициска станица на разговор. И.М. го негира извршувањето на кривичното дело. Од страна на оштетениот во присуство на Јавен обвинител извршено е препознавање, при што оштетениот го препознал И.М. како лице кое го извршило кривичното дело.

По претходно издадена наредба, извршен е претерес во домот на пријавениот и се пронајдени предмети кои потекнуваат или со кои е извршено кривичното дело.

Ппротив И.М. досега се поднесени три кривични пријави за извршени пет кривични дела од областа на имотни (тешка кражба) и сообраќајни деликити (загрозување на безбедноста на сообраќајот).

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он