СВР-Скопје поднесе кривична пријава до ОЈО-Скопје против М.А.(18) поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „тешка кражба“ за што од страна на судија на претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, пријавениот на 19.04.2014 година, а потоа и на 25.04.2014 година извршил кривични дела „тешка кражба“, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 392.755 денари.
Имено, на 19.04.2014 година на ул.„Ордан Чопела“ М.А. „тешката кражба“ ја извршил на тој начин што откако го запазил оштетениот како го паркира возилото марка „Мерцедес“ и се уверил дека нема да биде забележан од никого, се упатил кон паркираното возило и со погоден тврд предмет го скршил фиксното стакло од задната десна врата од каде со протнување на рака ја отворил вратата од возилото и по извршеното пребарување пронашол и украл паричник во кој имало 5.000 евра, 10 швајцарски франци, резервен клуч од возилото и платежна картичка.
По извршувањето на кривичното дело, пријавениот, со дел од украдените парични средства, односно 1.500 евра, купил патничко возило марка „Голф“, додека другите парични сретства ги потрошил за лични потреби, а паричникот, заедно со останатите документи ги сокрил во парк шумата Гази Баба.
Со потврда за привремено одземени предмети од М.А. одземен е еден женски паричник сива боја, една кредитна картичка, една картичка од тековна сметка, една картичка за осигурување на живот, коишто со потврда за вратени предмети се вратени на оштетениот.
Втората „тешка кражба“, М.А. ја извршил на 25.04.2014 година, на ул.„Банатска“ во продавница „Таљат АЕ“ ДООЕЛ, на тој начин што откако дошол на горенаведената локација насилно со употреба на подесен алат најпрвин ја скинал металната алка од крилото од влезната врата, од каде што влегол во продавницата и по направеното претурање и пребарување пронашол и украл девет акумулатори марка „Перион“, два акумулатора марка „Варта Блу“ и „Варта Силвер“, 11 канти со масло, седум бришачи за ПМВ, кои ги натоварил во возилото „Голф 3“ што претходно го купил.
При заминување пријавениот бил забележан од соседот на оштетениот, кој и го известил за кривичното дело.
Извесно време потоа, пријавениот повторно со неговото возило се вратил на местото на настанот и се паркирал во непосредна близина на продавницата со намера да продолжи со кражбата на предметите од продавницата, но во истиот момент видел дека бил забележан од страна на оштетениот по што М.А. влегол во возилото и со голема брзина се одалечил, а по него со свое возило се упатил и оштетениот, кој во еден момент го изгубил од видикот.
По извршената потрага по возилото марка „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, од страна на полициски службеници возилото е пронајдено заклучено и бидејќи тоа е средство со кое е извршено кривичното дело, од страна на екипа од антитероризам возилото било проверено, по што со пајак служба било донесено во кругот на ПС-ОН „Бит Пазар“ за понатамошно постапување, за што е сочинет Записник за пронајдени предмети.
Со потврда за привремено одземени предмети од пријавениот одземени се возилото марка „Голф“ 3, клуч од истото возило и собраќајна дозвола.
Со потврда за привремено одземени предмети од таткото на пријавениот се одземени: една канта со масло марка БП 5њ-40, две канти со масло марка „Цронос“ 15њ/40, две канти со масло марка „Цронос” 5њ/40, еден акумулатор марка „Перион“ П45Л, еден акумулатор марка „Перион“ П45Р, еден акумулатор марка „Перион“ 35Ах ПБ19Р, два бришача за ПМВ марка „Алпин“ и со потврда за вратени предмети се вратени на оштетениот.
Во присуство на Јавен обвинител и адвокатот на пријавениот, извршено е препознавање, при што оштетениот со сигурност го препознал пријавениот, за што е изготвен Записник за препознавање на лица. Извршен е разговор со лицето М.Ф. кој по сообраќајна дозвола е сопственик на пронајденото возило, кој појаснил дека на 19.04.2014 година, возилото марка „Голф“ го продал на М.А.
Со пријавениот извршен е службен разговор во кој истиот во целост го појаснил начинот и времето на извршување на кривичните дела.
Лицето М.А., уште како малолетник е познат сторител на кривични дела од имотни деликти и против него досега се поднесени 11 кривични пријави, а во 2012 година изречена му е мерка Засилен надзор од родител за извршено кривично дело ”разбојништво”.