Кривична пријава за 14 кумановци за криумчарење мигранти

Од:

Против 14 лица на возраст од 24 до 55 години од Куманово ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека криумчареле мигранти.

Мигрантите биле со потекло од Авганистан, Пакистан и арапските земји кои преку Грција илегално влегле на територијата на Македонија. Со помош на осомничените Кумановци биле транспортирани до села во Липковскиот регион од каде требало преку Србија и Унгарија да бидат пренесени до западноевропските држави.

Според обезбедените докази од спроведената истрага, пријавените лица успеале да прокриумчарат вкупно 60 мигранти. При реализацијата на последниот транспорт затекнати се петмина од осомничените, а во возилата откриени се шеснаесет мигранти од кои десетмина Авганистанци, четворица Пакистанци и двајца мигранти од Сомалија.

Од досега собраните докази, утврдено е дека за транспорт на мигрантите возачите наплатувале од 140 до 160 евра по возило, а возачите кои оделе како претходница и известувале за евентуални полициски патроли наплатувале по 100 евра по возило.

Од МВР информираат дека извршени се претреси во три објекти на подрачјето на селото Ваксинце при што во два од нив пронајдени се уште четворица мигранти. Од пријавените лица одземени се седум патнички возила со кои се превезувале мигрантите, непозната растителна тревкаста материја – најверојатно марихуана, повеќе телефонски апарати како и СИМ картички што биле користени при криумчарењето.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски