Кривична пријава против тројца скопјани за злоупотреба на службената положба

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П.(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метеорологија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Н.П. изготвил и потпишал потврда за отворање на постапка за идентификација, со која на жител од Кичево, лице му потврдил статус „Државјанин на РСМ кои се враќаат од странство“ а која се однесува за товарно возило кое не ги исполнувало законски предвидените ЕУРО стандарди а потоа внесол податоци од негов колега без негово знаење и согласност. М.Т. како раководител во Бирото за метрологија ја потпишал изготвената потврда без да се увери дека нема потпис од изготвувачот иако, копијата од странската сообраќајна дозвола не била заверена на нотар. И.Т. во својство на помошник раководител во Бирото, нелегалната потврда ја потпишал и ја заверил со службен печат од Бирото за метеорологија информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа