Кривична пријава против три момчиња кои малтретирале цимер во Кавадарци

Од:

Полициската станица Кавадарци до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 18, 17 и 16-годишник, кои на 14 овој месец извршиле насилство врз цимерот со кој заедно живееле во Кавадарци, каде што се школувале, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Претходно, од Државниот просветен инспекторат потврдија дека бил извршен инспекциски надзор во Државниот ученички дом „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци и направен е записник. Утврдено е дека постоел одреден инцидент и врз основа на наводите во записникот му се предлага на одговорното лице во ученичкиот дом да превземе соодветни мерки заради утврдување на фактичката состојба и доколку се утврди вина да се превземат соодветни мерки согласно Законот за ученички стандард.

– Утврдувањето на фактичката состојба не е во наша надлежност, тоа го врши Министерството за внатрешни работи, рекоа од Инспекторатот.

Случајот во полиција го пријавил таткото на малтретираното момче.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари