Кривична пријава против три лица за неовластена сеча на дрва

Од:

Полициската станица во Гостивар поднесе кривична пријава против три лица кои во текот на минатата година извршиле и овозможиле неовластена сеча на дрва.

Кривичната пријава е поднесена против 56-годишниот Р.М. управител на фирмата „Тивари“ за пустошење шуми, 47-годишниот В.А. референт во јавното претпријатие „Македонски шуми“ за злоупотреба на службената положба и против 58-годишниот Б.Т. кој работел како шумски инжинер во „Македонски шум“и за неовалстено работење во службата.

Како што денеска соопшти полицијата, во периодот од март до јуни на подрачјето на „Сува Гора“ во гостиварското село Куново, Р.М. без дозвола извршил сеча на 364 дабови стебла со вкупна дрвна маса од 79,92 метри кубни на штета на „Македонски шуми“ во вредност од околу 559.440 денари. По ова, В.А. незаконски жигосал 44,4 метри кубни дрва, а Б.Т. не извршил контрола и надзор на теренот овозможувајќи му на Р.М. да врши бесправна сеча.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он