Кривична пријава против струмичанец за даночно затајување

Од:

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Г. (22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Како што соопшти денеска МВР, пријавениот во текот на 2015 година, занимавајќи се со т.н. блогерство остварил приходи кој ги примил преку брз трансфер на пари во висина од 1.221.916 денари.

Со намера да одбегне целосно или делумно плаќање данок, Б.Г. не ги пријавил остварените приходи со задолжителна годишна пријава во Управата за јавни приходи на Република Македонија. Со тоа затаил данок на персонален данок на доход во висина од 122.191 денари.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски