Кривична пријава против скопјанец за тешка кражба

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 23-годишниот В.Г од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.

Тој на 16 овој месец во 10 часот и 30 минути во зграда на улицата „29 Ноември“ го нападнал 86-годишната М.Д. одземајќи и златен ланец и привезок вредни околу 20 илјади денари.

Кражбата ја извршил така што М.Д. додека чекала да влезе во лифт ја нападнал од зад грб и ги одзел златниот ланец и привезокот во форма на крст по што избегал. Златниот ланец и привезокот ги продал во продавницата за златен накит „Дијамант“ во Старата скопска чаршија за цена од 230 евра.

По превземени мерки од страна на полицијата и изјава од очевидец  на настанот извршен е претрес во продавницата за златен накит „Дијамант“ и одземени се ланецот и привезокот кои се вратени кај оштетената. Истиот ден В.Г. е пронајден и приведен во полициската станица во Бит Пазар.

Од В.Г. се одземени и моторцикал марка СИМ, 4 банкноти од по 50 евра, една банкнота од 20 евра и една банкнота од 10 евра.

Од извршената проверка во крим-евиденциите во СВР-Скопје,  утврдено е дека  В.Г. досега не е познат како сторител на кривични дела. 

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ